74-годишн возач прегази 70-годишна жена во Охрид

74-годишн возач прегази 70-годишна жена пешак во Охрид. 

Како што информираа од полицијата, вчера околу 12:00 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„7 Ноември“ во Охрид, патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Т.М.(74) од Охрид, удрило во пешакот Р.К.(70) од Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.К., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид.

По наредба на jавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид.