
Викендов во скопско уапсен маж кој пукал кон родениот брат поради недоразбирање за паркирање на возило.
- Лишен од слобода 73-годишник од скопско село затоа што пукал кон својот брат, информираа од МВР.
Ова се деталите:
- На 16.05.2026 во 23:30 часот, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го лишија од слобода Ј.Д.(73) од скопско, по претходна пријава дека истиот ден околу 14:00 часот пред семејниот дом, по претходна расправија околу паркирање на возило, пукал со пиштол кон неговиот 71-годишен брат и неговото семејство.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.