73-годишен велосипедист прегазен од комбе на бензинска во Карпош

Вчера во 11:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на плато од бензинска станица на подрачјето на Карпош во Скопје,  се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.А.(49) и велосипед, управуван од Д.Д. (73) двајцата од Скопје, се наведува во полицискиот билтен.

Според пријавата, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градска општа болница “8 Септември“ Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.