71 нов случај на Ковид-19 за три дена

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 28.10 до 30.10.2022), регистрирани се 71 нови случаи на Ковид-19. 

Направени се 819 тестови, а најмногу нови случаи се регистрирани во Скопје – 47, потоа Прилеп – 9, Охрид – 3, Битола и Кичево – по 2, Куманово, Струмица, Штип, Кочани, Гевгелија, Крива Паланка, Богданци и Демир Капија – по 1.

Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 10 реинфекции. Регистрирани сe и 86 оздравени пациенти од: Скопје – 63, Прилеп – 9, Битола – 8, Штип – 2, Куманово, Кавадарци, Неготино и Кратово – по 1.

Во текот на изминатите 3 дена (28.10 - 30.10.2022) не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин,  не се пријавени починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.183.292 тестирање на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 344.146, бројот на оздравени пациенти е 334.335, на починати е 9.564, а бројот на активни случаи изнесува 247.

Во главниот град, бројката на моментално активни случаи на Ковид-19 изнесува 168. 

Градови во кои во моментов нема активни случаи на Ковид-19 се: Тетово, Струга, Ресен, Неготино, Свети Николе, Дебар Валандово, Пробиштип, Демир Хисар, Македонска Каменица, Пехчево и Дојран.