71-годишник тешко повреден откако паднал од мопед

Вчера се случила сообраќајна незгода во Битола, при што со тешки повреди се здобил 71-годишник.

-На 29.05.2023 во 16.50 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Партизанска“ и ул.„Крушево“ во Битола, А.М.(71) од Битола, управувајќи мопед „априлиа“ со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.М., констатирани во Клиничка болница Битола, соопшти МВР.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.