71-годишник од скопско село нападнат од соседот, завршил во болница

 

Дедо од скопско село настрадал од соседот. Бил нападнат со тврд предмет, по што завршил во болница. 

- На 19.06.2026 околу 23:30 часот во СВР Скопје, С.С.(71) од село Мршевци, скопско пријави дека околу 18:00 часот во дворното место во село  Мршевци, поради нарушени меѓусоседски односи, со употреба на тврд предмет, бил физички нападнат од неговиот сосед Д.А., при што му нанел повреди, констатирани во Јавната здравствена установа “Св. Наум Охридски“ во Скопје, информираа од МВР. 

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.