
71-годишна жена од Велес била повикана на службен разговор во полиција по пријава дека не ја почитувала судската забрана за приближување и вознемирување на нејзиниот 66-годишен девер.
„На 06.10.2026 во 15:10 часот, полициски службеници од СВР Велес извршија службен разговор со 71-годишната Е.Д. од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека не го почитувала решението од Основен суд Велес за забрана да му се приближува, заканува и да го малтретира нејзиниот 66-годишен девер, односно му упатувала навреди“, соопшти МВР.
Во меѓувреме, 71-годишната жена пријавила и дека во дворот од домот била физички нападната од нејзиниот девер Н.Д.
„По целосно расчистување и документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави“, информира полицијата.