70.000 денари ќе добие најдобро уредениот еко-училишен двор во Карпош

Општина Карпош ќе избира најдобро уреден еко-училишен двор. 

-Заштитата на животната средина е една од основните цели на општина Карпош. Токму во таа насока, локалната самоуправа објавува јавен повик за избор на најдобро уреден училишен двор или дел од дворот.Уредувањето на училишен двор ја зголемува еколошката свест и потикнува зголемување на мотивираноста за негово одржување, велат од локалната самоуправа. 

 Право на учество на јавниот повик имаат сите десет основни училишта.

-Затоа ги охрабруваме сите чинители, заедно да ја подготват проектната апликација и да конкурираат за награди од 70.000 денари (за прво место) и 50.000 денари (за второ место), се вели во повикот од општината. 

Рокот за аплицирање е до 17.05.2023 година, а јавниот повик во целост може да го погледнете на следниот линк