700 парчиња пиротехнички средства пронајдени кај кумановец

Вчера во 12.45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Ш. (44) од Куманово. При преглед кај него биле пронајдени и одземени околу 700 парчиња пиротехнички средства.

С.Ш. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава, информираа од полицијата.