70-годишник од Скопје нападнат од неговиот 39-годишен сосед

70-годишник од Скопје, пријавил дека бил физички нападнат од неговиот 39-годишен сосед. 

Имено, двајцата имале претходно недоразбирање. Случајот бил пријавен вчера (04.10.2022) во 17.50 часот, во Полициската станица Ѓорче Петров. Настанот се случил околу 16.00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.