
Повозрасна скопјанка била ограбена од две лица од кои едното ја нападнало со тврд предмет. Ѝ го украле паричникот.
- На 07.06.2026 во 12:05 часот во СВР Скопје, Р.Д.(70) од Скопје пријави дека на 06.06.2026 околу 21:30 часот во влез од зграда на подрачјето на Центар две лица физички ја нападнале, при што едниот употребил тврд предмет и ѝ одзеле паричник со пари, информираа од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.