70-годишна скопјанка нападната со тврд предмет од експартнерот

Повозрасен скопјанец со тврд предмет ја нападнал поранешната партнерка. 

Вчера во 21:30 часот во СВР Скопје, 70-годишна жена од Скопје пријавила дека на 12.06.2025 на подрачјето на Центар во патничко возило била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер З.Д.(64) од Скопје, кој употребил и тврд предмет.

Со него бил извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.