Под мотото „70 ѕвезди – патоказ кон иднината“ ООУ „Димитар Миладинов“ го прослави својот јубилеј.
- Ова училиште е пример за тоа како се чува и пренесува наследството на идните поколенија, следејќи ги мудрите зборови на Димитар Миладинов: „Јас го посеав семето, а вие бидете живи да го ожнеете неговиот плод“.Нека овој јубилеј биде поттик за уште поголеми постигнувања, а наследството што го градите да биде темел за нови перспективи, порача градоначалникот на Центар Горан Герасимовски кој додаде:
- Вашата истрајност и посветеност во развивањето на генерации млади луѓе кои се нашата иднина и носители на просперитетот.