7 знаци кои покажуваат дека ги гушиш пријателите со своите проблеми и претерувања

Едно е да ги споделиш проблемите со пријателите, да побараш совет или да се пожалиш кога нешто те мачи, но друго е да отидеш од крајност во крајност и да допуштиш да станеш напорна и иритантна.

Кога имаш проблем кој ќе ти помогне ако не пријателот. На добриот пријател ќе му биде драго ако знае дека можеш да му веруваш и дека со него ги споделуваш сите тајни и проблемите што те мачат. Тоа е една од улогите на пријателот. Грешка е да го земеш пријателството здраво за готово и од најдобриот пријател да направиш личен психотерапевт. Треба да постојат граници. Претерувањето со информации, жалби и поплаки, може да стане иритантно, особено ако не сакаш да го прифатиш неговиот совет и продолжиш да ги правиш истите грешки, па пак се жалиш за истите работи и се така во круг. А го правиш ли тоа?

Единствено за што зборуваш се твоите проблеми

Единствена тема за разговор која ја знаеш се твоите проблеми. Сите имаат проблеми и колку и да е добро да разговараш со некој за нив, пријателката не е тука да биде твој терапевт, туку личност со која ќе се забавуваш. Секако дека ќе и се пожалиш кога нешто те мачи, но ако тоа е единственото нешто што го правите кога сте заедно, тоа би можело да ја оддалечи од тебе.

Преку друштвените мрежи јавно се жалиш на другите луѓе

Кога некој нешто ќе ти направи, тоа секогаш го објавуваш на друштвените мрежи: или некого директно прозиваш или на индиректен начин се пресметуваш со него. Нема потреба за тоа. Особено ако не помине ден, а да не објавиш неколку статуси во кои покажуваш или се жалиш дека ти е тешко. Наместо постојано да се жалиш, преземи нешто. Во очите на другите ќе изгледаш како drama queen која секогаш бара проблеми.

Кога си со некој на кафе, 90% од времето зборуваш ти, и тоа за себе

Треба да ги пуштиш и другите да дојдат до збор. Колку и да сакаат другарките да бидат тука за тебе, после неколку вакви кафиња, ќе престанат да ве бараат за кафе. Не можеш секогаш ти да бидеш таа што зборува поголем дел од времето. Сети се да ја прашаш пријателката како е и што има ново кај неа.

И се јавуваш на пријателката во ниедно време само за да и го кажеш најновиот проблем

Можеш да почекаш до утрото, не мораш да и се јавуваш во 3 часот наутро за да ја упатиш во најновата драма што ти се случила. Доколку е нешто сериозно и навистина ти треба помош, тоа е друга приказна, во спротивно сѐ друго може да почека.

Приметуваш непријатна тишина откако нешто ќе кажеш

Кога ќе ја раскажеш својата проблематична приказна, настанува непријатна тишина. Ова се случува кога премногу ќе се отвориш на луѓе кои штотуку си ги запознала. Не мора секој човек што го познаваш 5 минути да ги знае сите твои проблеми. На овој начин ќе оставиш лош впечаток затоа што ќе изгледа дека само чекаш некој да се жалиш.

Секој твој проблем е познат на пошироката јавност

Сите знаат сѐ за тебе. Доколку не си позната, ова е непријатна ситуација. Можеби тоа сега не го сфаќаш, но кога ќе поминат години, ќе видиш дека немало потреба за тоа и дека си претерала. Кога сите знаат сѐ за твојот живот, тоа ти е знак дека премногу претеруваш. Може да ви се удри од глава и луѓето може повеќе да ве оговараат.

Секогаш се жалиш за истиот проблем иако веќе си добила совет од пријателката

Се жалиш на пријателката за совет, таа ти дава совет, се наоѓате наредниот пат на кафе и повторно се жалиш за истиот проблем како и минатиот пат, и секако, нејзиниот совет не го земаш во предвид. Веројатно и таа се прашува што сакаш од неа. Таа не може да ти помогне и да ти го реши проблемот, може само да ти даде совет, а на тебе е дали ќе го послушаш или не.