7 важни животни лекции кои луѓето најчесто ги учат предоцна во животот

Животните лекции се полни со мудрост, затоа што најчесто мораме да ги научиме преку потешкиот пат. Најтешкиот дел од овој процес е прифаќањето на фактот дека понекогаш, некои можности бргу си заминуваат.

Ако е возможно, најдобро е овие работи да ги научиме порано во животот.

Ако сакате да го правите она што го сакате, морате да работите три пати понапорно од останатите

Повеќето луѓе не успеваат да го работат она што го сакаат. Наместо тоа, тие го прават она што другите им велат дека треба да го прават. Или едноставно се фокусираат на нешто коешто не го сакаат. Но, ако го правите она што го сакате, треба да го гледате тоа како привилегија, затоа што ретки се луѓето кои ја добиваат таа можност. Па ако сте решени да одите по тој пат, морате целосно да се посветите на тоа.

Под лутината секогаш лежи стравот

Како што вели Јода: „Стравот е патот кон темната страна. Стравот води кон лутина, лутината води кон омраза, омразата води кон страдање.“ Секогаш кога страдаме, особено кога тоа трае подолго време, прво веруваме дека тоа се случува поради некој надворешен фактор. И ако го надминеме тоа чвство, сфаќаме дека под омразата постои лутина и нешто за коешто долго сме се држеле. Но, под тоа секогаш има страв. Страв од загуба. Ако дојдете до точката на признавање на стравот, ќе откриете сочувство и така ќе можете да почнете да се движите напред.

Нашите секојдневни навики го создаваат човекот кој ќе бидеме во иднина

Она што го правите денес е еден чекор кон она што ќе бидете утре. Кога едно дејство ќе го правите неколку пати во текот на неделата, почнувате да се движите кон промените. Кога тоа дејство ќе го правите во текот на еден месец, тогаш веќе почнувате да забележувате промена.

Кога ова ќе продолжи во текот на една, две или пет години, веќе не можете да се препознаете себеси, вие сте променети. Не ја потценувајте моќта на секоја мала ситница која постојано ја повторувате. Добро или лошо, вашите навики ја определуваат структурата на личноста која ќе станете.

Потребно е да ги вежбате вашите чувства

Кога мислиме на вежбање, мислиме на вештините. Како кога вежбате да свирите на гитара. И на вашата чувствителна природа и е потребно вежбање. Можете да практицирате простување со тоа што ќе вежбате. Истото важи и за хуморот, лутината, огорченоста, драмата и конфликтот. Она што сте, во емотивна смисла, е одраз на она што свесно (или несвесно) го практикувате и на одреден начин вежбате. Вие не сте се родиле вознемирени. Туку повеќе сте го вежбале тоа чувство отколку што сте вежбале, да речеме, среќа.

Секој си има сопствен план за себе

Ова е клише фраза и обично се користи во негативен контекст, но дали е така? На крајот на краиштата, сите мора да се грижиме за себе. Сите имаме свои соништа, цели, амбиции, семејства, пријатели и партнери и сите ги сакаме горе-доле истите работи. Има луѓе на кои можеме да се потпреме, но сепак најубаво е да знаеме секој човек си работи за себе. Не можете да очекувате другите да ве стават вас на прво место, кога тоа е место резервирано за нив самите. Но, можете да ги замолите за помош да ги остварите вашите соништа и вие да им помогнете да ги остварите своите.

Успехот никогаш нема да ве исполни како самото патување до него

Едно е да поставите цел и со помош на другите да се обидете да ја достигнете целта. Сосема друго е да си го жртвувате своето здравје и благосостојба, како и благосостојбата на другите, само за да ја постигнете целта. Ако не можете да уживате во патувањето со оние околу вас, самата цел станува незначајна.

Напорната работа и забавата меѓусебно не се исклучуваат

Никогаш не сфатив зошто луѓето имаат чувство дека ако се забавуваат, тоа значи дека не ги сфаќаат работите сериозно. Најдобрите идеи доаѓаат кога човек е опуштен. Најдобриот тек на мислите се случува во тек на среќните моменти. Човековот поврзување почнува со насмевки и групното смеење додека решавате проблем значи да се биде отворен кон нови можности.