7 совети како да го сочувате вашиот брак во време на самоизолација

За време на самоизолацијата многу бракови можат да бидат загрозени поради тоа што партнерите целото време го поминуваат заедно.

Луѓето кои се подолго време во брак споделија свои совети кои можат да ви помогнат да го сочувате вашиот брак.

Комуницирајте што е можно повеќе

Тајната на секој успешен однос е комуникацијата. Тоа важи секогашно и во околностите кои се последица на пандемијата од коронавирусот. Мајк Вејнер Дејвис, брачен и семеен терапевт од Колорадо вели дека не е важно како партнерите комуницираат во изолација, туку оти е важно да се трудат да комуницираат.

-Најголем проблем со кој се соочив е кога двајцата партнери гледаат на она што им се случва на другата – едната личност мисли дека сѐ се руши, другата дека се работите се „напумпани“. Кога луѓето имаат различни перспективи, имаат и различен став на она што треба да се прави, а единствен начин ова да се преброди е комуникацијата, вели Вејнер – Дејвис.

Дајте си простор еден на друг

Поголемиот дел од паровите поголем дел од денот го поминуваат одвоено – барем еден партнер излегува од дома за на работа, а сега кога фирмите од вработените бараат да работат од дома, тие се цело време заедно под ист кров. Тоа може да биде посебно проблем за паровите кои живеат во мали домови зашто може да се чувствуваат како да им е загрозен личниот простор.

Затоа многу експерти советуваат дека луѓето треба да ја сфатат важноста на времето кое го поминуваат сами со себе.

-Важно е паровите да знаат дека припаѓаат во категорија на луѓе на кои им е потребен партнер за да ги средат своите емоции или во категорија која тоа го регулираат сами. Ако знаете дека вашиот партнер сака сам да ги регулира своите емоции не треба да се обидувате да работите на тоа со него, туку да го пуштите сам да се занимава со тоа, вели Алев Атес-Барлас, терапевт од Њујорк.

Вели дека најдобар начин за да се преброди напнатоста меѓу партнерите е медитација или слушање музика на слушалки.

Кажете си ги работите кои ви сметаат

Заедничката работа од дома може од вашиот партнер да направи имагинарен колега кој е виновен за сѐ.

Александра Фонден за ова прочитала на Твитер и веднаш почнала да разговара со својот сопруг за тоа што меѓусебно им смета.

И други сопружници почнале да го применуваат ова и да пишуваат на Твитер под хаштагот #CovidConfessions.

Направете нови рутини

Никој сѐ уште не е сосема прилагоден на новите околности во кои се најдовме пораид пандемијата. Поради тоа Ли Милер, брачен терапевт од Лос Анџелес советува дека би било мудро да се направат нови рутини кои ќе му дадат смисла на новото секојдневние. Особено е важно да се одреди кој што ќе работи за време на денот, кој ќе готви, кој ќе чисти, кој ќе се јавува на телефон и слично.

-Ова не е ниту близу на типична ситуација, што значи дека постојат голем број на улоги околу кои партнерите би требало да се договорат и да се придружуваат додека работат од дома. Многу е важно да се одреди време да седнат и поразговараат за очекувањата кои ги имаат од другиот за време на овие времиња, вели Милер.

Не инсистирајте на секс

Според Бритни Блер, клинички психолог и сексуална терапевтка од Северна Калифорнија, сексуалната желба во време на коронавирусот може да биде помала поради тоа што стресот го намалува либидото кај 85 отсто од луѓето.

-Нормално е да имате помала желба за секс за време на овие случувања. Ако сте меѓу 15 отсто луѓе кои не се под стрес, треба да имате на памет дека вашиот партнер најверојатно е, вели Блер додавајќи дека ова им се случува на сите парови.

Концентрирајте се на малите работи

Ако по природа сте паничари, најдобро би било својот фокус да го промените на малите работи зашто паниката дополнително ќе го влоши односот со партнерот. Наместо да експлодирате, вдишете длабоко и размислувајте на нешто друго, како на пример на работите кои ги сакате кај вашиот партнер.

Ако сте загрозени

Постои можност во изолација да се зголеми тензијата меѓу сопружниците и да дојде до семејно насилство. Во тој случај не треба да трпите, туку да се информирате на кој начин може да се извлечете од таква ситуација. Карантинот не е поважен од вашето здравје. Полицијата и другите итни служби работат како и претходно, па обратете се кај нив .