7 нешта кои ги знаат само татините ќерки

Голем дел од татковците тврдат дека во моментот кога ќе се роди нивната ќерка, тој ја засакува толку многу и ја штити до крајот на својот живот. Врската меѓу таткото и ќерката е нераскинлива и влијае на односот со другите нејзини мажи во животот. Таа ја учи ќерката за љубовта и другите важни чувства.

Тој ги исполнува сите нејзини желби

Ќерките  знаат дека што и да побараат од својот татко, одговорот секогаш ќе биде „да“. Само насмевката и трепкањето со очите се доволни да се исполни секоја нејзина желба.

Тој ја учи што да бара од другите луѓе во животот

Таткото со својата љубов и покажува на својата ќерка каква љубов и љубезност треба да очекува од другите луѓе во животот. Тој и покажува дека таа го заслужува најдоброто и дека секогаш треба да се стреми да го има најдоброто, без да троши време на луѓе кои не ја ценат и третираат добро.

Тој е нејзиниот најдобар пријател

Поврзаноста меѓу таткото и ќерката е огромна, толку голема што може да го подобри и најлошиот ден на светот и да ги избрише сите нејзини солзи. Таа има слична смисла за хумор со својот татко, има слични хобија и таа со него се смее и ужива секогаш.

Таа се грижи понекогаш дека никогаш нема да сретне добар човек како својот татко

Ќерката понекогаш погледнува во својата мајка и си вели дека таа е најсреќната личност на светот. Се прашува дали е можно да постои друг човек како него во светот и дали таа ќе го сретне некогаш.

Тој е секогаш на нејзина страна

Тој секогаш застанува на нејзина страна во сите кавги и конфликти кои таа ги има со другите. Оние моменти кога нејзината мајка вика на нејзе, тој ја зазема нејзината страна и таа знае дека нејзиниот татко ја сака и поддржува.

Тој е нејзиниот најголем поддржувач

Тој е со неа на сите нејзини важни настани и моменти. Тој и нуди поддршка, но и помош и корисни совети секогаш кога и се потребни.

Таткото и ќерката не можат да го замислат животот еден без друг

Токму затоа и венчавката – нејзиниот најсреќен ден за неа носи толкава тага, бидејќи се одвојува од својот татко, човекот кој ја научи како да сака и да биде сакана, човекот кој секогаш верува во неа и кој ја научи да верува во себе.