7 мажи кои жените ќе ги памтат до крајот на животот

Во текот на својот живот, жените запознаваат многу мажи, но само некои од нив оставаат голема трага и не се забораваат така лесно.

Прва љубов

Првата љубов хипнотизира. Таа е посебна бидејќи така учиме за љубовта, заедно се развиваме и растеме со партнерот и ја откриваме нејзината магија. Дознаваме колку убави работи носи таа, но учиме и за несогласувањата и компромисите кои мораме да ги направиме.

Оној што го запознаваме по првата љубов

Тој се јавува по раскинувањето со првата љубов. Одеднаш се чувствувате сами и време е за нов почеток. Тој е вашето рамо за плачење  и човек кој е подготвен да ве сослуша и да ви угодува. Таа врска се развива во нешто трајно, но често е и одлична меѓуфаза кон новата љубов.

Совршен во теорија

Овој дечко е едноставно совршен, барем во теорија. Тој е одличен со вашите пријатели и родители, се однесува кон вас како принцеза и свесни сте дека би бил одличен во брак. Но, тој не доаѓа во такво време, кога сте подготвени на брак. Најчесто секоја жена има ваков дечко на кој му дава шанса, но со тек на време не се случува ништо посебно. Едноставно ја нема хемијата.

Шармантен, но и арогантен

Овој маж се појавува во било која фаза во животот. Тој е интересен и многу жени размислуваат  и сонуваат за него. Тие можат дење-ноќе да си пишуваат со него и едноставно да бидат полудени од него. Неговиот шарм е таков, но тој не е онаков каков што изгледа. Пријателите го сфаќаат тоа, но заљубената девојка не го забележува тоа, барем не на почетокот.

Љубов од студентските денови

Првиот партнер на факултетот е одлична подготовка за вистинскиот свет, каде уживате во поинаква слобода за разлика од средношколските денови. Ако оваа врска заврши, тоа ве погодува силно, но станувате свесни за реалноста и одговорноста и последиците на зрелите одлуки.

Совршен дечко, лош тајминг

Оваа љубов најчесто постои само во мислите, но таа не се остварува бидејќи тајмингот е едноставно погрешен. Со овој партнер се чувствува поврзаност и страст, но животните околности не го дозволуваат тоа.

Кратката љубов од одмор

Секоја жена макар еднаш на летување запознала совршен дечко од нејзините соништа. Тие недела дена со него се совршени и изгледа како целиот живот со него дека може да биде бајка. Сите жени носат такви слични спомени од летувањата или зимовањата, но многу ретко успеваат таквите љубови. Авантурата останува авантура.