
Синоќа во 21:30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го привеле Ј.Т.(69), затоа што на улица „Стеван Гајдов“ во Велес, го нарушил јавниот ред и мир и не ги почитувал наредбите на полициските службеници кои вршеле службени дејствија.
Во полицискиот билтен се наведува дека при преземени мерки, било констатирано дека тој бил под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,90 промили алкохол во крвта.
Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.