
Вчера во 14:00 часот во радовишкото село Калаузлија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода А.А.(68) од истото село.
Од МВР информираат дека тој се сомничи дека околу 12:30 часот на место викано „Голема река“ во атар на село Калаузлија подметнал пожар кој зафатил нискостеблеста шума и сува трева.
По интервенција на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.
Во Полициската станица Радовиш А.А го признал делото.
„Известен е јавен обвинител, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, посочија од МВР.