68-годишен насилник од Скопје отстранет од домот - со остар предмет му се заканувал на синот

Изречена итна мерка за отстранување од дом на насилник од Скопје поради извршено семејно насилство.

Како што информираат од МВР, вчера од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје било поднесено барање до Основниот граѓански суд Скопје за итна мерка за отстранување од дом за Љ.Б. (68) од Скопје поради извршено семејно насилство.

На 09.03.2026 во 22:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Љ.Б. постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода упатувал закани со остар предмет кон неговиот 35-годишен син.

Од страна на Судот, изготвено е решение со кое на Љ.Б. како сторител на семејно насилство му се изрекува итна мерка за заштита од семејно насилство - отстранување од домот во времетраење од 30 дена, додаваат од МВР.