
Полициски службеници од СВР Битола ноќта на 21 септември 2025 година го лишија од слобода Ј.С. (68) од Берово, со престој во Битола, поради сомнение за сторено кривично дело „полов напад на дете кое не наполнило 14 години“ (член 188 став 1 од Кривичниот законик).
„Според пријавеното, делото било извршено во хотел во Битола врз 12-годишно девојче,“ информираат од МВР.
Од Министерството додаваат дека по целосно расчистување и документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.