67-годишник претепал дете во Кочани, кривично ќе се гони

Кривично ќе се гони 67-годишен кочанец затоа што претепал дете. 

- СВР Штип поднесе кривична пријава против J.С.(67) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 17.05.2026, пријавениот физички нападнал малолетник и му нанел повреди, информираа денеска од полицијата во дневниот билтен.