67-годишник излетал со возилото од пат во светиниколско, откако возел „ѓон“ пијан и без дозвола

Вчера во 16:13 часот, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода Д.Б.(67) од светиниколското село Кадрифаково.

Претходно, како што информираат од МВР, тој со патничко возило „форд“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал во село Кадрифаково, излетал надвор од патот.

При преземање мерки било констатирано дека го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,09 промили алкохол во крвта, без да поседува важечка возачка дозвола и со измината важност на сообраќајната дозвола.

Извршен бил увид, за настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.