67-годишна жена од Виница остана без 12.400 евра, ја измамил лажен лекар

Вчера (09.01.2026) во 15:00 часот во ОВР Виница, 67-годишна жена од Виница пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 12.400 евра.

Како што се наведува во полицискиот билтен, според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како лекар и кажало дека нејзината снаа имала тешка повреда на работното место и дека се потребни пари за да се направи операција.

Како што е пријавено, таа ги подигнала парите од банка и ги оставила на местото, каде што ѝ кажало лицето, но подоцна сфатила дека била измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.