67-годишен скопјанец вчера бил каснат од бездомно куче во Драчево.
- На 10.02.2025 во 14.00 часот во Полициската станица Драчево, Г.Ј.(67) од Скопје пријавил дека на ул.„Иван Хаџи Николов“ во Скопје бил каснат од куче скитник, стои во полицискиот билтен.
До полицијата пријави за напади од кучиња имало и во Гостивар и Прилеп.
- На 10.02.2025 во 13.15 часот во ОВР Гостивар, Х.Р.(73) од Гостивар пријавил дека на улица „101“ во Гостивар бил каснат од куче скитник.
- На 10.02.2025 во 17.35 часот во ОВР Прилеп, В.Н.(31) од Прилеп пријавила дека на ул.„Орде Чопела“ во Прилеп била касната од куче скитник, стои во денешниот полициски билтен.