65-годишна скопјанка останала без накитот додека чекала автобус

Скопјанка била ограбена додека чекала автобус. 

Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит, соопштија од МВР. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.