64-годишен мотоциклист е тешко повреден откако изгубил контрола и удрил во метална ограда на патот Дебар-Маврово

64-годишен мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат Дебар-Маврово, во близина на „Бошков мост“.

Како што информираат од МВР, несреќата се случила вчера во 12:55 часот, кога Б.Р. (64) од Дебар, откако управувајќи мотоцикл „Харли Дејвидсон“ со дебарски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во металната еластична заштитна ограда.

Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Општата болница во Дебар.

Увид на местото на сообраќајната незгода извршиле полициски екипи.