
Полициски службеници од СВР Тетово денеска во 08:10 часот го лишиле од слобода Р.Е.(63) од селото Палатица, тетовско, по пријава за напад врз малолетно лице.
Според информациите од МВР, А.Џ. (37) од селото Горна Лешница пријавил дека претходниот ден, околу 18:00 часот, Р.Е. со дрвен предмет го нападнал неговиот малолетен внук.
Полицијата го привела осомничениот, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.