63-годишен кумановец ќе одговара кривично бидејќи му овозможил на пријателот да шмрка кокаин

СВР Куманово поднесе кривична пријава против З.А.(63) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги”.

Како што се наведува во полицискиот билтен, на 23.04.2025, пријавениот му овозможил на неговиот пријател да користи кокаин.

Подоцна, истиот ден, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени предмети со остатоци од кокаин.