62 ваучери за новороденче се доделени во Општина Кисела Вода

Нови 62 ваучери за новороденче се доделени денеска во Општина Кисела Вода. Ваучерите во вредност од по 6.000 денари ги додели градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ.

Проектот е дел од програмата од социјална сфера на општината, донесен по предлог на градоначалникот, а едногласно поддржан од Советот на општината. Досега се доделени вкупно 2047 ваучери.

Целта е да им помогне на новите родители за првите потреби кои доаѓаат заедно со новороденчето. Истиот ги опфаќа семејствата каде двата родитела се со живеалиште на територија на општина Кисела Вода, или едниот, во случај на самохран родител. Заедно со барањето тие треба да достават на увид  важечки лични карти или други исправи за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето, како и фотокопија од трансакциона сметка. Рокот за поднесување на барањата е 90 дена, од моментот на раѓање на детето.