
Лишен од слобода возач од беровско кој управувал возило со 2,62 промили алкохол во организмот и предизвикал сообраќајна незгода.
Од МВР информираат дека вчера во 17:40 часот во Берово, полициски службеници од ОВР Берово го лишиле од слобода Љ.М.(62) од беровското село Русиново.
Претходно, тој со патничко возило „форд“, кое го управувал, удрил во паркирано патничко возило и во ограда од двор на куќа.
При преземање мерки било констатирано дека бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,62 промили алкохол во крвта.
Извршен бил увид, а за настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава, посочија од МВР.