61-годишник од Маврово-Ростуше ја затворил сопругата во домот, ја нападнал и ѝ се заканувал

61-годишен маж од општина Маврово и Ростуше е лишен од слобода по пријава за семејно насилство.

Од МВР информираат дека на 25 август во 19:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ростуше постапиле по пријава дека М.Б. ја затворил својата 49-годишна сопруга во семејната куќа, по што физички ја нападнал и ѝ се заканувал.

Полициските службеници ја ослободиле жената, а М.Б. бил приведен и задржан во полициската станица.

По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.