61-годишен возач прегази пешак во Битола

Млад пешак е тешко повреден откако бил прегазен во Битола. 

- На 29.11.2024 година во 20.00 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата од улиците „Партизанска“ и  „АСНОМ“ во Битола, патничко возило „Цитроен“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(61) од Битола удрило во пешакот С.С.(29) исто така од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница во Битола, соопштија од полицијата. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.