61-годишен велешанец фатен како вози мортус пијан - еве колку „дувнал“

Вчера во 19:10 часот на улица „Вардарска“, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Х.Б.(61) од Велес.

Како што се наведува во полицискиот билтен, при сообраќајна контрола полициските службеници сопреле патничко возило „сеат алтеа“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Х.Б. и по преземени мерки било констатирано дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,20 промили алкохол во крвта.

Тој бил задржан во полициска станица, возилото било одземено, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.