
Скопјанец пријавен дека ја малтретирал мајка си и ѝ упатувал закани.
Како што споделија од полицијата, вчера во 21.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници извршиле службен разговор и со Д.Ј.(61) од скопско, по претходна пријава од неговата 85-годишна мајка дека ја малтретирал и и упатувал закани.
По целосно документирање ќе следува соодветен поднесок против насилникот.