60 дела од колекцијата на МСУ ќе се презентираат во Виена во 2023 година

Премиерно во 2023 година, Музеј на современа уметност - Скопје, во срцето на Виена во престижниот простор „Кунстхале“ ќе го претстави уникатниот кураторски концепт на 8 реномирани меѓународни уметници, кои креираат поставка што е во дијалог со нивната работа - информираше министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска. Таа ги објави вестите од вчерашната средба која ја имаше со директорката Ивет Ќурлин.

-Среќна сум што во една од европските метрополи и најпознати уметнички центри ќе ја презентираме македонската култура преку изложување на 60 дела од колекцијата на МСУ, како и макети од објекти на постземјотресно Скопје. Делата од музејската колекција на МСУ кои ќе бидат прикажани преку „критичкото око“ на уметниците Јане Чаловски и Христина Иваноска од С. Македонија, Брук Ендру од Австралија, Синиша Илиќ од Србија, Иман Иса од Австрија и Ѓулсун Карамустафа од Турција се предводени од тимовите на МСУ, Кунстхале, WHW. Во проектот се вклучени и Елфи Семотан од Австрија и Барби Марковиќ од Србија, кои ги фотографираа МСУ и Скопје и подготвуваат патопис - истакна Костадиновска Стојчевска.