6 типови токсични луѓе од кои треба да се ослободиш што побрзо

Многу е важно со какви луѓе ќе се опкружиш. Кога околу тебе се позитивни, среќни, добри и успешни луѓе, тогаш и ти ќе се чувствуваш подобро и ќе бидеш поуспешен затоа што тие ќе те мотивираат. Од друга страна, постојат токсични луѓе кои ти ја цицаат позитивната енергија, делуваат негативно и те исрпуваат. Постојат 6 типа токсични луѓе кои лесно ќе ги препознаеш, ако го прочиташ овој текст:

Јас, јас и јас

Типичен нарцис, човек кој секогаш мисли само на себе и на никој друг. Не можеш да очекуваш дека другите секогаш ќе те ставаат пред себе и пред своите потреби затоа што тоа нема да се случи, но некогаш, во пријателските односи, мораме и другите да ги ставиме пред себе и да направиме нешто за нив. Нарцисот тоа никогаш нема да го направи. Тој нема да има емпатија кон тебе или кон твоите проблеми и кога за нешто ќе му се пожалиш, ќе добиеш одговор како нему му е уште потешко од тебе, потполно игнорирајќи го твојот проблем. Тие се убеверени дека се подобри од сите.

Желен за контрола

Постојат луѓе кои сакаат да имаат контрола над секоја ситуација. Со нив никогаш не можеш да донесеш ниту една одлука, нивниот збор мора секогаш да биде последен, а нивните предлози секогаш се најдобри. Мора да ја контролираат ситуацијата, инаку ќе настане драма и ќе се налутат.

Магнет за драми

Сите потајно барем малку сакаме драма. По можност, да не ни се случува нас. Сепак, постои граница колку драма дневно може се истолерира. Со магнетите за драма, секогаш има некоја драма. Нивниот живот наизглед никогаш не е досаден. Она на почетокот може да биде забавно, но со тек на време станува напорно. Покрај тоа, ова е таа личност која под дружење подразбира трачарење. Тоа е единственото нешто за што сака да зборува.

Енергетски вампир

Кога ќе се сретнеш со овој пријател, наместо да се чувствуваш среќно, исполнето и задоволно од средбата, ти се чувствуваш уморно и исцрпено. Кафето со него е секогаш тешко и многу често одиш на кафе од што навистина мораш. Никогаш со ништо не е задоволен и секогаш за сѐ ги криви другите. Те критикува и понекогаш се прашуваш дали на таа личност си и воопшто драга.

Лажливец

Кој сака да се дружи со некој кој постојано лаже? На почетокот на вашиот однос не можеш веднаш да приметиш дали некој лаже, но со тек на време ќе ти стане јасно дека поголем дел од работите кои ти ги кажала се лага. Иако нема зла намера, сепак тоа се лаги. Некогаш толку е уверен во своите лаги што не знае што е реалност.

Љубомора на квадрат

Малку си љубомерн на некој од опкружувањето за нешто го има, а ти го немаш, но тоа и не е така голема работа затоа што со тек на време таа љубомора поминува. Но, на овие пријатели таа љубомора не им поминува и никогаш нема да бидат среќни за тебе и за твојот успех. Секогаш ги омаловажуваат твоите успеси или ги негираат. Глумат жртва и секогаш се тие „за греота“ затоа што никогаш не им оди во животот.