6 работи кои никако не смеете да им ги кажете на луѓето кои се борат со анксиозност или депресија

Зборовите кои ќе ги кажеш некому може да остават многу поголем впечаток отколку што ти мислиш. Ти кажа нешто без размислување, можеби тоа не го мислеше сериозно, но личноста на која и го кажа тоа може со денови да размислува баш за тие зборови.

Сите понекогаш не размислуваме за работите кои ги изговараме и коментарите кои ги даваме. Ќе кажеме нешто, а дури подоцна ни доаѓа во главата дека можеби не сме требале. Зборовите може да имаат многу поголемо влијание врз луѓето отколку што многумина би признале. Како не здоболуваат грдите зборови, така со нас остануваат и оние убавите. Па зар не е подобро да кажеш некому нешто убаво, а грдото да го премолчиш? Постојат ситуации кога е подобро да се прегризе јазикот, отколку да се каже глупост која може некого да повреди. Ова особено важи за коментирање на менталното здравје на луѓето. Никогаш не се знае колку некому навистина му е тешко или лошо. Затоа, ги издвојуваме речениците кои баш никако не би требало да ги кажеш на некој кој се бори со депресија, анксиозност или која било друга ментална болест. Едноставно, грдо и безчувствително е да се кажат овие работи.

  1. Не ти е ништо, само си замислуваш

За многумина, овие болести и понатаму не значат ништо, не се нешто што постои и кога некој ќе каже дека е анксиозен, тие мислат дека само си замислува дека му е нешто бидејќи сега тоа е популарно и трендовски. Не е твое да пресудуваш дали некому навистина му е нешто или не, можеш само на таа личност да и пружиш поддршка наместо да и даваш вакви коментари.

  1. Сигурно не е баш така страшно

Не можеш да знаеш колку е лошо менталното здравје на некој човек, без разлика дали е блиска другарка, роднина, сестра и ваквите коментари се навистина безчувствителни. Само затоа што личноста физички изгледа дека е добра и дека е здрава, не значи дека навистина се чувствува добро. Луѓето кои секогаш имаат насмевка на лицето можат да бидат прилично чувствителни и да патат од депресија.

  1. Секогаш може полошо

Потрудете се да не се најдете во ситуација проблемите на соговорникот да се обидете да ги класифицирате во неважни. Затоа што со овој коментар оставаш таков впечаток. Сосема непотребен и одвишок е да се даде ваков коментар. Близината со таа личност не ти го дава тоа право да коментираш што сакаш.

  1. Ајде, живни малце!

Да е така едноставно и да може само така лесно човек да се префли, да стисне копче, никој не би бил депресивен или не би имал проблеми со анксиозноста. За жал, малку е покомплицирано и не може само така да се „живне“. Работите не функционираат така.

  1. Многу си драматичен/на

Има и такви кои менталните проблеми ги сметаат за драматични и начинот на кој некој се обидува да биде во центарот на вниманието. Нормално дека е можно да има и такви случаи, но кога такво нешто ќе и кажеш на личност која навистина има проблеми, тоа може само да ја влоши ситуацијата. Со таков коментар никогаш нема да му помогнете нуту да направите нешто добро па зошто тогаш и воопшто да го изговорите.

  1. А да си најдеш партнер/ка?

Има и такви кои мислат дека врската може да ги реши сите проблеми и дека тоа е причината зошто некој е во депресија или е анксиозен. Тие сметаат дека проблемот е во осаменоста. Ниту врската ниту дечкото нема да ги реши проблемите со менталното здравје.