59-годишник натепан во казино во Карпош - уапсени две млади лица

59-годишник физички нападнат во казино во скопски Карпош од страна на две млади лица.

Како што се наведува во полицискиот билтен, синоќа (16.02.2026) во 23:05 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Л.К.(19) и К.Н.(22), двајцата од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 22:30 часот во казино на подрачјето на Карпош во Скопје, физички го нападнале Р.М.(59) со престој во Скопје.

По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави.