59-годишна жена пронајдена почината во дом во Аеродром

 

Жена пронајдена почината во својот дом во скопски Аеродром. Немала траги на насилство на телото. 

- На 09.06.2026 во 11:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на општина Аеродром била пронајдена почината Д.А.(59). Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по насоки од јавен обвинител телото на починатата било дадено за обдукција, информираа денеска од МВР.