Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:
Направени се 704 тестови, а регистрирани се 57 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 39, Велес – 4, Куманово, Битола, Прилеп, Тетово, Кавадарци и Неготино – по 2, Радовиш и Штип – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (57), регистрирани се 12 реинфекции.
Регистрирани сe 90 оздравени пациенти од: Скопје – 54, Прилеп – 10, Битола – 7, Кавадарци – 5, Велес – 3, Охрид, Кочани, Гевгелија и Крива Паланка – по 2, Неготино, Ресен и Крушево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се регистрирани 2 починати лица од Скопје (85г) и Битола (60г), лицата се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 20.08-14.09.2022
Направени се 704 тестови: ИЈЗ-138, ЦЈЗ Скопје-79, ЦЈЗ Битола-13, ЦЈЗ Прилеп-7, ЦЈЗ Тетово-6, ЦЈЗ Куманово-26, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–2, Институт за микробиологија–47, Жан Митрев (Филип Втори)-11, Авицена-4, Биотек 10, Систина-2, лабораторија Лаор-1, Синлаб-3, Ремедика-2, Плодност-2, Генеа-5, Никоб Лаб-15, ВФВ Медикал-5, Ели Медика Плус-3, Ројал Медика-0, Спектра-ММ-3, Рапид Лаб–3, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–1, Рамус-1, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 315.
Досега во земјата се направени вкупно 2.165.180 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.469, бројот на оздравени пациенти е 332.319, на починати е 9.526 а бројот на активни случаи изнесува 624.