56-годишник вчера бил двапати приведуван: Прво на „Галичка свадба“, потоа во Гостивар - бил „ѓон“ пијан и агресивен

Полициски службеници од Полициското одделение Маврово вчера во 10:45 часот го привеле Ѓ.Р. (56) од Гостивар, кој го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување во село Галичник, за време на одржување на манифестацијата „Галичка свадба“.

-Истиот ден во 20:40 часот, на улицата „Браќа Ѓиновски“ во Гостивар, полициски службеници од ПС Гостивар, повторно го приведоа Ѓ.Р. затоа што го нарушувал јавниот ред и мир. По извршеното алкотестирање, кај него биле констатирани 1,75 промили алкохол во крвта, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

По документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.