56-годишна жена прегазена вчера попладне на скопска улица

66-годишен скопјанец со автомобил „сузуки“ удрил во 56-годишна жена на улицата „Лука Геров“ во Скопје.

Како што информираат од МВР, несреќата се случила вчера околу 14 часот. Во незгодата, жената се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Јавната здравствена установа „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

На местото на несреќата бил извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје.