550 првачиња запишани во сите седум училишта во општина Бутел- Латиноски ќе ги поздрави во понеделник

Во понеделник  и првачињата од Бутел ќе започнат со учебната година.

Градоначалникот на општина Бутел, Петре Латиновски во понеделник, 4 септември, ќе ги поздрави првачињата во ОУ „Ацо Шопов“ во Радишани во 10 часот.

На стартот на новата учебна 2017/2018 година, во сите седум основни училишта во прво одделение се запишани вкупно 550 ученици.

Само во ОУ „Ацо Шопов“ се запишани 120 првооделенци.