54-годишник од прилепско тешко повреден, откако „ѓон“ пијан возејќи мопед излетал од пат

Вчера во 03:30 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во село Крушеани, прилепско, 54-годишниот Г.М. од Крушеани, управувајќи мотоцикл без регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.

Како што се наведува во полицискиот билтен, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Прилеп.

По наредба на јавен обвинител, извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Прилеп, при што било констатирано дека Г.М. е под дејство на алкохол, односно дека има 1,70 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.