54-годишен Швајцарец уапсен на „Табановце“ - носел марихуана со себе

Вчера во 11:15 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Е.К.(54) од Швајцарија.

Како што се наведува во полицискиот билтен, при преглед во патничко возило „опел“ со швајцарски национални ознаки, во кое се превезувал како сопатник, била пронајдена марихуана, за која изјавил дека е негова. 

Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.