53-годишник пријавен дека натепал малолетник во трговски центар во Скопје - тој пак пријавил дека група малолетници фрлале со предмети кон неговата кафеана

Синоќа во 21:50 часот во СВР Скопје, Г.К.(45) од Скопје пријавил дека околу 20:50 часот во трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје, неговиот малолетен син бил физички нападнат од А.С.(53) од Скопје.

Во полицискиот билтен се наведува дека претходно, А.С. пријавил дека околу 20:00 часот, група на малолетници, со разни предмети фрлале кон неговиот угостителски објект, кој се наоѓал во трговскиот центар.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.