53-годишен скопјанец нападнат од жена

Вчера, во Гази Баба, 53-годишен скопјанец бил нападнат со тврд предмет од жена.

Според првичните информации кои ги добивме од МВР, настанот се случил на улицата „Вера Радосавлевиќ“. Причина за нападот било претходно недоразбирање.

Од МВР информираат дека се работи на расчистување на случајот.