525 пензионери од Бутел ќе добијат финансиска помош од општината

Градоначалникот на општина Бутел денеска го потпиша решението за исплата на еднократна финансиска помош и поддршка на пензионерите.

525 пензионери од оваа скопска општина ќе добијат финансиска помош во висина од 2000 денари.

- Финансиската поддршка значи повеќе сигурност и достоинство за нашите највозрасни сограѓани! Средства што за многумина значат покривање на секојдневните трошоци.  Комисијата продолжува со работа – исплатата се одвива според редоследот на поднесените барања по јавниот повик. Помагаме затоа што никој не смее да биде оставен сам! - проа првиот човек на Бутел Костовски.